Фото: Скриншот/Јутјуб

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Пејачката Атина Апостолова, која беше доајен на македонската народна музика, почина на 77-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди нејзината колешка Вики Среброва за „ММС“.

„Замина мојата Тинче. Денеска ја барав неколку пати денес, но не ми се јави. Три часа ја барав. Ми стана сомнително и заминав кај неа дома. Кога отидов беше затворено, а живее на приземје. Повторно ѝ ѕвонев и не ми се јави, па се јавив кај сестра ѝ, која ме посоветува да одам од задната страна. Кога отидов погледнав низ прозор телевизорот работеше, а сѐ наместо ѝ стоеше. Се јавив на сестра и заминав дома. Подоцна сестра и ми се јави и ми кажа дека брат ѝ морал да го скрши прозорот за да влезат и кога влегле ја нашле почината“, раскажа Среброва за „ММС“.

Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет.

Како пејачка на народна музика, беше позната по песните „Запејте мераклии“, „Цела вечер ќе ти пејам“, „Верувај ми“, „Усни румени“, „Те видов, и се заљубив“, „Иле Илија“ и многу други.

Таа имаше повеќе турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.

Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети, а најпознати ѝ се со Ванчо Тарабунов („Верувај ми“) и Ефто Пупиновски („Скопските боеми“).

Ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Тумба фест“ во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот