Почина археологот Јовица Станковски кој прв го промовираше и истражуваше Кокино

Станковски бил претседател на републичкиот СИЗ за култура, директор на кумановскиот Театар и на кумановскиот Музеј во два наврата, беше советник во Советот на Општина Куманово.

Почина археологот Јовица Станковски од Куманово, соопштија денеска членови на неговото семејство и колегите од НУ Музеј Куманово. Станковски е познат во македонската јавност како археологот кој го пронајде Кокино. Мегалитската опсерваторија е откриена случајно во 2001 год. од страна на Станковски, а кон крајот на 2001 година започнаа истражувањата на Кокино од страна на Народниот музеј во Куманово.

Роден е на 13 јануари 1949 година во Куманово, дипломирал на Машинскиот факултет, а во 1986 и на Историја на уметност со археологија. Станковски бил претседател на републичкиот СИЗ за култура, директор на кумановскиот Театар и на кумановскиот Музеј во два наврата, беше советник во Советот на Општина Куманово.

Станковски учествувал и самостојно публикувал бројни трудови за праисториско светилиште во Шопско Рударе, за „Татиќев Камен” односно Кокино уште во 2002 година, за мегалитните споменици во кумановско, придонел за проучување на објектот од Стоби, за „Долинац”… Издал каталози за локалитетот Кокино во три наврати, во 2005 и два пати во 2007 година.

Погребот ќе се изврши утре на Градските гробишта во Куманово во 13.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот