Победниците од Купот на Македонија во карате на Светското првенство во Будимпешта

фото: kfm.com.mk

Во спортската сала „Крсте Мисирков“ во Скопје се одржа Државното првенство „Куп на Македонија“ во карате за сениори, на кое беа пријавени 69 натпреварувачи од вкупно 23 клуба.

Градоначалникот на Општината Гази Баба, Боби Стефковски го отвори ова првенство, а на победниците кои воедно ќе бидат и репрезентативци на следното 26 Светското првенство што ќе се одржи од 26 до 29 октомври во Будимпешта, Унгарија им посака многу успеси и постигнување на високи резултати.

Во продолжение сите победници од Купот на Македонија:

Ката екипно сениори женски
1. Гладијатор – Велес (Теа Гашева, Мартина Арсовска, Андреа Алексовска)

Ката екипно сениори машки
1. Фунакоши Гичин – Скопје (Александар Спасовски, Давид Спасовски, Кристијан Бајовски)

Ката сениори женски
1. Мартина Арсовска, Гладијатор – Велес

Ката сениори машки
1. Кристијан Бајовскиа, Фунакоши Гичин – Скопје

Кумите сениори женски – 50 кг.
1. Ивана Јорданова, Штип – Штип

Кумите сениори женски – 55 кг.
1. Јован Георгиева, Олимпик Спорт 2007 – Скопје

Кумите сениори женски – 61 кг.
1. Вероника Костовска, Олимпик Спорт 2007 – Скопје

Кумите сениори женски – 68 кг.
1. Ангела Мојсовска, Макпетрол – Скопје

Кумите сениори женски – 68+ кг.
1. Бојана Манева, Штип – Штип

Кумите сениори машки – 60 кг.
1. Матеј Белистојаноски, Олимпик Спорт 2007 – Скопје

Кумите сениори машки – 67 кг.
1. Емил Павлов, Штип – Штип

Кумите сениори машки – 75 кг.
1. Григор Хаџи-Кимов, Штип – Штип

Кумите сениори машки – 84 кг.
1. Петар Спасеновски, Макпетрол – Скопје

Кумите сениори машки – 84+ кг.
1. Берат Јакупи, Асиарт – Гостивар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот