Победниците на карате државното изборно првенство ќе настапат на СП во Дубаи

На првенството беа пријавени 25 клубови со 94 пријави на натпреварувачи/Скопје, Македонија/26 септември 2021/Фото: kfm.com.mk

Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје на 26 септември 2021 година (недела), се одржа Државното изборно првенство за сениори.

На првенството вкупно беа пријавени 25 клубови со 94 пријави на натпреварувачи.

На ова првенство свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Гази Баба кој ги поздрави сите натпреварувачи и присутни.

А на победниците кои ќе се стекнат со право за настап за Светското првенство кое ќе се одржи од 16-21.11.2021 година во Дубаи, ОАЕ им посака многу успеси и изрази желба повторно да нè израдуваат со медали и добри резултати, информираат од Карате федерацијата на Македонија.

Целосните резултати од Државното изборно првенство за сениори можете да ги погледнете на следниот линк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот