Победнички старт на Јончевски на клупата на Гостивар, настрада МЗТ Скопје

гостивар мзт
Во 2021 беа одобрени 2 милиони денари, од кои досега исплатени се само половината/фото: КФСМ

Кошаркарите на Гостивар остварија релативно лесен триумф над МЗТ Скопје од 65:51 во заостанатиот натпревар од седмото коло во првата лига.
Ова воедно значеше и победнички старт на Александар Јончевски на клупата на Гостивар. Видно мотивираните домашни кошаркари одиграа одличен натпревар и победата ја обезбедија во втората и третата четртина кога на „металците“ им дозволија да постигнат само 15 поени, шест во втората и девет во третата, додека тие постигнаа 35 поени и во последниот период вледоа со предност од дури 22 поени (54:32). Последниот период преставуваше чиста формалност за домаќините кои со победата си обезбедија место во плејофот.
Џохан Вокер со 17 поени беше предводник на Гостивар каде се истакна и Ивица Димчевски со 11 поени, додека во редовите на МЗТ Скопје најраспложен за игра беше Бојан Крстевски со 13 поени.

Триумф на домашен терен оствари и Еуро Никел кој со 84:74 го совлада Кожув.Роберт Рикиќ беше одличен 29 поени и 14 скокови кај победничкиот тим, додека Лок беќе најпрецизен кај Кожув со 20 постигнати поени.

фото: КФСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот