Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Побаран краткотраен притвор за 19-годишникот, за убиството кај Сарај

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал Наредба за обдукција на телото на починатиот

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди обдукција на телото на починатото 18 годишно момче од Бојане и побара мерка краткотраен притвор за 19-годишникот, осомничен за убиството.

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото.

-Постои основано сомнение дека кривичното дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода – соопшти ОЈО.

Оттаму нагласуваат дека имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побарал да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата.

МВР претходно соопшти дека синоќа во 0.50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б. (19) од истото дело поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ

Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството. По документирање на случајот, додаваат од МВР, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Приведен убиецот од Бојане кој завчера уби 18-годишник од истото село

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот