По застој од шест години, Охридското Езеро ќе се пориби со милион единки охридска пастрмка

Министерот Цветан Трипуновски денска објави дека по цели 6 години застој, Охридското езеро ќе се пориби со околу милион единки подмладок на охридска пастрмка
-Денеска бев во Хидробиолошкиот завод – Охрид и во Мрестилиштето Шум – Струга по повод порибувањето на Охридското езеро!
По цели 6 години застој, Охридското езеро ќе се пориби со околу 1 милион единки на охридска пастрмка.
• Хидробиолошкиот завод – Охрид одгледа 620.000 единки (од минимум 400.000);
• Институтот за сточарство и рибарство одгледа 350.000 единки (од минимум 200.000);
За наредната година од Министерството предвидени се:
• 3,3 милиони денари за Хидробиолошкиот завод – Охрид;
• 1,7 милиони денари за Институтот за сточарство и рибарство;
• над 1,6 милиони единки на охридска пастрмка ќе бидат пуштени во езерото!
Како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство работиме за одржување на рибниот фонд на Охридското езеро“, вели Трипуновски во објава на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот