Бритни Спирс со Кевин Федерлајн и Сем Ашгари / Фото: Profimedia/EPA

По веста за бременоста: Поранешниот сопруг на Бритни Спирс ѝ испрати порака

Принцезата на поп-музиката, Бритни Спирс сподели дека ќе стане мајка по третпат, а оваа среќна вест доаѓа неколку месеци по свршувачката со нејзиниот партнер Сем Асгари.

„Изгубив многу тежина за патувањето на Мауи и повторно си ја вратив. Си помислив: ‘Што ли ми се случи со стомакот?’ Сопругот ми рече: ‘Ти си бремена со храна, будалче.’ Па, направив тест за бременост… и …ќе имам бебе“, напиша Бритни на социјалната мрежа Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Ова ќе биде прво заедничко дете на Сем и Бритни, која веќе има двајца синови од првиот брак со танчарот Кевин Федерлајн – 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден Џејмс.

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс ѝ испратил порака преку својот адвокат, Марк Винсент Каплан.

„Кевин дозна дека Бритни објавила за бременоста на Инстаграм. Toj ѝ посакува среќна и здрава бременост и им честита на Бритни и на Сем Асгари“, изјавил адвокатот на Кевин за „NBC“.

Како потсетување, Бритни Спирс и Кевин Федерлајн се свршија во јули 2004 година. Бритни и Кевин го добија синот Шон Престон на 14 септември 2005, a следната година, на 12 септември, го добија и синот Џејден Џејмс. Пејачката и танчарот се разведоа на 30 јули 2007 година, а во октомври истата година, Бритни го изгуби старателството врз своите деца.

Бритни Спирс објави дека е бремена: Пејачката го очекува третото дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот