По убиството што го шокираше Балканот, таткото е под седативи: Блиските роднини откриваат каков пекол се случувал заради убиениот Алберт

Рамиз Красниќи, адвокатот на Скендер Красниќи, кој минатата недела го уби својот син Алберт (34) во Приштина, соопшти нови информации во врска со неговиот клиент.

„Јас повторно контактирав со мојот клиент. По трагедијата, Скендер е во тешка емоционална состојба, денес е малку е подобро, им благодариме на затворскиот персонал што се многу подготвени, му даваат седативи кога има криза и во споредба со денот кога му беше одреден притворот, тој е подобро“ рече адвокатот Красниќи.

Дојдете, го убив син ми: Бизнисмен и поранешен менаџер на познатите рапери „Бабастарс“ е убиен во Приштина

Тој за косовските медиуми изјави дека таткото на Алберт не им изјавил ништо на обвинителите бидејќи се бранел со молчење и повторно нагласи дека убиството се случило случајно.

Запрашан што изјавиле членови на семејството пред истражната полиција и обвинителите, адвокатот на Скендер рече дека тој нема такви информации.

Меѓутоа, косовските медиуми веќе објавија делови од полицискиот извештај со изјави од членовите на семејството. Топ Чанел открива дека сестрата на жртвата изјавила дека целото семејство било во неволја со 34-годишниот Алберт. Нејзината изјава дури го доведува во прашање тврдењето на адвокатот на Скендер Красниќи, дека неговиот клиент наводно случајно го убил неговиот син.

ВИДЕО I По убиството кое косовската јавност ја остави во шок стотици луѓе, естрадни уметници и политичари се збогуваа со Алберт Красниќи: На погребот неговата мајка се онесвести

„Уморни сме од него затоа што тој го вознемируваше целото наше семејство, воопшто. Некои од нас мораа да бидат жртвувани за да не спасат. И тој го зеде својот татко за врат“ им рекла на полициските службеници, сестрата на покојниот Алберт Красниќи.

Друга изјава, која ги истакнува проблемите во семејството Красниќи, ја дал чичкото на жртвата.

„Бегав од него една недела во Албанија, бидејќи тој подолго време не нè оставаше на мир. Тој толку многу користеше дрога, што никого од нас не препознаваше како негово семејство“, рече чичкото на Алберт Красниќи, според полицискиот извештај.

ВИДЕО I По убиството кое косовската јавност ја остави во шок стотици луѓе, естрадни уметници и политичари се збогуваа со Алберт Красниќи: На погребот неговата мајка се онесвести

Алберт неколку пати имаше проблем со законот. По престрелката која се случи во центарот на Приштина во 2016 година во која беше повреден раперот од Албанија, Ноизи судот бргу пресуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот