По шлаканицата на Оскарите, Крис Рок ја одби понудата повторно да биде водител

Фото: Профимедиа/Јутјуб

Последната церемонија на доделувањето на престижните Оскари остана запаметена, за жал, не по филмовите и маестралните улоги, туку по инцидентот што се случи кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок поради шегата на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

вил смит
Вил Смит и Крис Рок / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Како што пишува „Дедлајн“, Рок во текот на неговата стенд-ап турнеја открил дека Академијата му понудила да се врати како водител на Оскарите следната година.

Сепак, комичарот ѝ рекол на публиката дека враќањето на церемонијата би било како да барате од Никол Браун Симпсон „да се врати во ресторанот“, спомнувајќи ги настаните што довеле до нејзината смрт и последователното судење за убиство на О. Џеј. Симпсон. Симпсон беше во центарот на вниманието на американската јавност пред повеќе од 20 години за време на сензационалното судење за убиството на неговата сопруга Никол Симпсон и нејзин пријател.

„Тој е поголем од мене“, кратко рекол Крис Рок за Вил Смит.

Како што се наведува, Рок исто така бил поканет да се појави и во реклама за „Супер боул“, што исто така го одбил.

Вил Смит мета на критики поради видеото во кое му се извинува на Крис Рок: Си го промовира брендот?

Вил Смит поднесе оставка од Академијата: Подготвен е на сите последици кои следуваат

Сè за гледаност: Крис Рок би можел да биде домаќин на доделувањето на Оскарите и следната година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот