По серијата протести во Хонгконг, нацрт-законот за екстрадиција конечно ќе биде повлечен

хонгконг
Принтскрин

Лидерката на Хонгконг Кери Лам свика за попладне состанок со прокинеските политичари, на кој официјално ќе најави повлекување на контроверзниот нацрт-закон за испорачување, поради кој дојде до повеќемесечни протести, објави британски „Индепендент”.

На попладневната средба, според весникот, таа ќе ги опише деталите за повлекување на нацрт-законот, како „гест со цел смирување на тензиите”.

Локалните медиуми, исто така, известуваат дека ќе дојде до повлекување на нацрт-законот, по што дојде до скок на акциите на берзата во Хонгконг.

Канцеларијата на Лам не ги коментираше медиумските написи.

Контроверзниот нацрт-закон предвидуваше можност осомничени од Хонгконг за судење да бидат екстрадирани во Кина.

Законот за екстрадиција, со кој ќе се опфатеа седум милиони жители на Хонгконг, како и странски и кинески државјани во градот, многумина го сметаат за закана за владеењето на правото во поранешната британска колонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот