По повод 58-годишнината од скопскиот земјотрес: Магична вечер со „Архангел“ и Македонската филхармонија

архангел
Фото: Град Скопје / Фејсбук

Два часа илјадници обожаватели на „Архангел“ и на Филхармонијата, во просторот меѓу фонтаната „Лотосов цвет“ и „Езерце“ во Градскиот парк во Скопје, уживаа во вечерта исполнета со звуците од песните на една од најголемите македонски групи.

Сето тоа беше под диригентската палка на Џијан Емин. И покрај топлото време, публиката желна за вакви настани, кои ѝ беа ускратени поради ковид-пандемијата, со голем интерес го проследи концертот организиран по повод 58-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес.

– Се надевам дека со овој концерт ќе придонесеме нашиот град да биде уште поубав – рече фронтменот Ристо Вртев.

„Чудесен свет“, „Нова вера, нова библија“, „Uber Makedonishe“, „Заумна сила“ го исполнија етерот и ги израдуваа младите и постарите, а тие возбудено бараа и неколкупати добија бис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот