По објавите дека има коронавирус Џеки Чен се огласи – Ви благодарам, добро сум!

Славниот актер тврди дека е здрав.

Деновиве се појави информација која привлече внимание кај светската јавност, а тоа е дека славниот актер Џеки Чен наводно има коронавирус и дека е во карантин.

За да ги разреши недоумиците, херојот на многубројни акциони филмови се огласи на Инстаграм, каде наведува дека е здрав.

„Ви благодарам на сите за грижата! Сигурен сум и здрав, многу здрав. Ве молам, не се грижете, не сум во карантин. Се надевам дека сите ќе останат сигурни и здрави“, напиша Џеки Чен на својот Инстаграм профил.

Инаку, пред неколку денови се појави и информација дека Том Круз е задржан во карантин поради коронавирусот. Имено, славниот актер престојува во Венеција каде го снима продолжението на филмот „Невозможна мисија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот