По настанот со дерматолозите немало други настани, објектот комплетно се дезинфицира од Институт за јавно здравје 

Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 07-ми март 2020, во ресторанот „Рагуза 360″ ја известува јавноста дека вработените не биле во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предавала на настанот.

По одржување на настанот до денеска немало одржување на други настани или прослави.
Телефонски е разговарано со сите вработени, како и тие кои што директно служеле во салата, засега никој од нив нема симптоми, но сепак е одлучено да седат дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот.

-Сакаме да информираме дека по дознавање на веста, веднаш побаравме од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот и сме во директна комуникација со Министерство за здравство- наведуваат во соопштение од ресторанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот