По многу неизвесност и перипетии, кадар на ВМРО-ДПМНЕ ќе го води Советот на Општина Струга
Безмалку два месеца по локалните избори, Советот на Општина Струга денеска конечно избра претседател, со што беше надминат застојот во работата на општината – Советот ќе го води советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мите Стефоски.
Препорачано
По повеќенеделни несогласувања и неуспешни обиди на претходните седници, денешната седница резултираше со избор на претседател со мнозинство гласови. Стефоски ја доби поддршката од 14 од вкупно 23 советници.
„За мене е чест и задоволство да бидам претседател на Советот на Општина Струга и сакам да кажам дека ќе го водам принципиелно. Можеби нема да се согласувам со вашите мислења, но до крај ќе се борам да го кажам она што го мислам“, изјави Стефоски по изборот.
Со оваа одлука, Советот влегува во нова фаза на институционално функционирање. Поддршката за изборот дојде од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Независната листа на ексградоначалникот Рамиз Мерко.
Изборот беше оспорен од советниците на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


