ПО КАТАСТРОФАТАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО ФУКУШИМА: Јапонците го отвораат последниот изолиран град

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонската влада денес делумно го отвори за јавноста последниот град кој беше изолиран по несреќата со нуклеарниот реактор во Фукушима пред девет години, со напрева пред престојната Олимпијада во Токио да демонстрира потполно опоравување на целиот регион од радијацијата.

Сите 7.000 жители на Футабе принудно беа иселени по катастрофалниот дефект на реакторот кој се случи по силниот земјотрес и цунамиот во март 2011 година. Јапонските власти се подготвуваат за настанот кој ќе означи тргнувањето на олимпискиот оган од регионот на Фукушима.

Факелот со олимпискиот оган ќе помине и низ Футаба, гратчето кое се наоѓа само четири километри од нуклеарниот реактор кој е уништен во 2011 година. Официјалните лица на Футаба изразија надеж дека поранешните жители на местото ќе се вратат, иако стравот од радијацијата се уште е присутен кај многумина.

Многу жители на Футабе кои се евакуирани во меѓувреме започнале нов живот во други градови на Јапонија и не планираат да се вратат, иако нивото на радијација сега е во прифатливи граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот