По Гиговска се огласи и Владо Јаневски: Нема да настапам на прославата кај Скендербег

Фото: Принтскрин - Фејсбук

Македонскиот поп-пејач Владо Јаневски го откажа својот настап на Мировниот фестивал, посветен на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Имено, Јаневски беше најавен како еден од неколкуте домашни и странски музички ѕвезди кои ќе настапат на 13 август на плоштадот Скендербег.


Денес, менаџерскиот тим на пејачот се огласи со официјално соопшение на социјалните мрежи дека пејачот нема да настапува еден ден по објавата дека Јаневски ќе биде дел од музичката програма на Мировниот фестивал.

„Владо Јаневски, не настапува на прославата која се одржува на 13.08.2022 на плоштадот Скендербег во Скопје“ – стои во официјалното соопштение.

Вчера, Министерството за Политички систем, кое е организатор на фестивалот, на нивната официјална фејсбук страна го најави настапот на пејачот Владо Јаневски.

„Првото издание на фестивалот, кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот Скендербег во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Владо Јаневски“, најавија оттаму.

Јаневски беше најавен откако Антониа Гиговска го откажа својот настап бидејќи како што младата пејачка наведе во соопштението „не сака да биде дел од манифестации поврзани со политика“.

Антониа Гиговска се огласи: Не сакам да бидам дел од манифестации поврзани со политика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот