По две години повторно започна судењето за случајот „ТНТ“

Со прикажување снимка од надзорна расправа во Собранието на Северна Македонија и презентирање докази од обвинителството, а селектирани од одбраната, денеска во Кривичниот суд започна судењето за предметот ТНТ кој се однесува на уривањето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

Судењето стартува од почеток поради промена на една поротничка во судечкиот совет. Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на еден од обвинетите Еленко Миланов поднесе процесен предлог во кој наведе дека доказите кои се кај обвинителството и предложени за изведување, а се однесуваат на 26 аудио снимки од 26 мај 2017 година, како и смс пораки од 12 мај 2017 година, не можат да се применуваат.

-Обвинителството нема овластување да предлага вакви докази од причина што законот за СЈО кој е во сила нема извршители кои можат да применуваат вакви нелегални снимки. Во неделата донесениот Закон за Јавно обвинителство стапува во сила и ќе се применува по 30 јуни 2020 година. Тој факт дека законот со кој во иднина може да се овозможи користење вакви докази е состојба која е идна, неактивна и неприменлива. Затоа овие докази во овој момент треба да бидат издвоени поради немање законска можност да опстојуваат. Доколку по 30 јуни овие законски одредби опстанат, не постои пречка да бидат прифатени, истакна Миланов.

Прочитајте и...  30 скопјани се шетале за време на полициски час

Адвокатот Дончо Наков, пак, побара од судот ново овластување за обвинителот Бурим Рустеми кое, според него, е делегитимирано со законот на СЈО, бидејќи, како што појасни, се работи за предмет кој е од почеток. Наков рече дека материјалните докази кои денеска ќе се презентираат се невалидни бидејќи не се знае како се набавени.

Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев истакна дека обвинителот Рустеми има уредно овластување и дека се работи за ист предмет и не му е потребно ново. Во однос на доказите, Ставрев рече дека сите материјални докази се прифаќаат и ќе бидат презентирани.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски кој на претходните две рочишта беше болен и се одлагаа судењата, рече дека се уште има боледување, но ќе направи напор да остане на судењето доколку не трае долго.

Прочитајте и...  Србија со нови 292 случаи на коронавирус, седум лица починаа

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.

Прочитај повеќе

Криминалот сведен на минимум во март поради мерките на ограничувања

Слободен печат

Мал пожар во нуклеарката Пакс во Унгарија

Слободен печат

Папата Франциск формира итен фонд за помош на земјите во развој

МИА Агенција

Мис Англија ја врати круната: Баша повторно работи како докторка додека трае кризата со коронавирусот

Слободен печат

Дали жените со Ковид-19 може да дојат?

Слободен печат

Во овие термини ќе може да се шетаат миленичињата за време на викендот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полицаец од Куманово почина од коронавирус

Слободен печат

Владините службеници кои секојдневно патуваа во Скопје од среда ќе работат од дома

Слободен печат

Коронавирусот ги уништува мексиканските картели-цената на дрогата поскапува, бизнисот пропаѓа

Дејан Андоновиќ

Османи: Ако правите масовно тестирање, сите што денеска ќе бидат негативни, утре ќе се движат слободно сметајќи дека не се заразени

Слободен печат

Уништени 3.500 рент-а-кар возила во пожар на аеродром на Флорида (ВИДЕО)

Слободен печат

Борис Џонсон итно префрлен на интензивна нега поради коронавирусот

Слободен печат