По два негативни теста, Георгиевски пуштен на домашно лекување

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски, на Фејсбук потврди дека по два негативни теста, лекувањето ќе го продолжи во домашни услови.

-Драги пријатели, сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома кадешто ќе продолжам со домашно лекување.

Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со коронавирусот. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.

Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели. Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема, напиша во објавата Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот