По барање на САД, јахта на руски олигарх вредна 300 милиони долари отуѓена на Фиџи

илустрација

Властите на островската тихоокеанска земја Фиџи по барање на САД ја задржале јахтата на рускиот олигарх Сулејман Керимов вредна 300 милиони долари, соопшти денеска Министерството за правда на САД.

Со ова, Вашингтон и сојузниците го зголемуват притисокот врз Русија за тоа што Москва изврши воен напад на Украина.

Пловилото Амадеа допловило на Фиџи минатиот месец по 18-дневна пловидба по Тихи Океан од Мексико и било задржано од полицијата. Суд на Фиџи во вторникот донел решение дека САД имаат право да ја конфискуваат суперјахтата на рускиот олигарх.

Досега властите на повеќе земји отуѓија многу јахти и вили во сопственост на руски милијардери, како одговор на инвазијата на Русија во Украина.

Керимов е под санкции на САД уште од 2014 и 2018 година, како одговор на дејствата на Русија во Сирија и Украина. Тој е под санкции и од ЕУ.

Новосоздадениот оддел при Министерството, наречен KleptoCapture, работи на конфискација на јахти и други слични луксузни предмети со цел да нанесе удар на финансиите на руските олигарси кои премолчено се согласија со дејствата на претседателот на Русија Владимир Путин, а тоа е притисок и врз него.

Според одделот за контрола на странски активи при Министерството за финасии, Керимов е во групата олигарси кои имаат огромни бенефиции од соработката со Путин, а поради корупција и учество во такви акции на Владата на Русија, како окупацијата на Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот