По 10 години пауза, лансирање на ракета со човечки екипаж од територијата на САД

Двајцата космонаути, кои следната среда првпат ќе полетаат со ракетата „Фалкон 9″ на приватната компанија СпејсИкс, пристигнаа вчера во вселенскиот центар „Кенеди” на Флорида.

Тест пилотите на НАСА, Даг Харли и Бен Бенкен е планирано да полетаат в среда кон Меѓународната вселенска станица, во првото лансирање на човек во вселената од територија на САД по речиси од една деценија.

НАСА ја затвори програмата за испраќање луѓе во орбитата со последниот лет на вселенскиот шатл „Атлантис” во jули 2011 година и досега ги користеше услугите на руската вселенска програма. Двајцата космонаути ќе полетаат од истата платформа од која полета шатлот пред девет години.

Во меѓувреме, програмата на НАСА ја презедоа приватни оператори како СпејсИкс и Боинг. Боинг се очекува да ги лансира своите први космонаути во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот