Фото: KF Bashkimi 1947

ПМФЛ: Башкими во Гостивар по важни бодови против Арсими

На две кола пред спуштање на завесата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Арсими и Башкими излегуваат на директна пресметка која може да вреди опстанок. „Златните“ бодови се на маса, а притисокот е доведен до точка на вриење.

Домаќинот Арсими е во одлична серија со 10 освоени бодови од последните пет меча, но Башкими по триумфот над Шкендија покажа дека знае како со фаворитите. Кумановци доаѓаат во Гостивар со една цел – дефинитивен опстанок во прволигашкото друштво.

– Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Арсими бара бодови за бегство од зоната на баражот, додека Башкими сака крај на сезоната без грижи. Ние сме екипи кои меѓусебно се почитуваат, но во текот на тие 90 минути секој ќе се бори за ‘златните’ три бода – изјави фудбалерот на Башкими, Реџеп Мурати.

Според него, притисокот е на страната на домаќинот, што може да биде предност за кумановци.

– Се надевам дека од Гостивар ќе се вратиме со победа и успешно ќе ја запечатиме нашата прва сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Верувам дека притисокот врз домаќините ќе биде наша предност – се зборовите на Мурати.

Во досегашните 10 меѓусебни пресметки меѓу овие две екипи, Арсими забележал пет победи, два натпревари завршиле нерешено, додека Башкими триумфирал три пати. Натпреварот од 31 коло помеѓу Арсими и Башкими ќе се одигра на стадионот во Гостивар, со почеток од 16.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот