Плунката може да содржи еден од симптомите на коронавирусот: На која боја на слузот треба да обратите внимание?

Кога станува збор за слузот, одредена боја може да биде знак за внимание за инфекција со коронавирус, пишува Експрес. На која боја треба да обратите внимание?

Според извештајот на Светската здравствена организација, лачење на слузот може да биде еден од првите симптоми на коронавирусот, а ако е слузот во одредена боја, тоа може да биде знак на инфекција.

Станува збор за слузот кој е темнозелен на почеток на инфекцијата, а со време стаува посветол.

Покрај познатите и чести симптоми, како што се температура, кашлица, болки во мускулите, уште еден симптом е откриен во 33,4 отсто од случаите, а станува збор за лачење на слузот.

Секретот или густиот слуз, понекогаш е познат и како гној кој се искашлува од белите дробови. Создавање на секретот често се појавува кога постои инфекција на белите дробови и се создава повеќе слуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот