ПЛО одби 50 милијарди долари економска помош од САД

фото: EPA/Michael Reynolds

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) денеска повторно го отфрли американскиот економски план за Палестина вреден 50 милијарди долари, оценувајќи дека недостигот на политичка визија во тој план гарантира негов неуспех.

– Администрацијата на Трамп сака да го продаде економскиот просперитет, со што само ќе се продолжи заробеништвото на Палестинците, се наведува во соопштението на Извршниот комитет на ПЛО објавено во момент кога во Бахреин почнува конференција на која САД го претставува економскиот дел од својот блискоисточен мировен план.

ПЛО ја обвини Белата куќа дека го користи тој собир како покритие за настојувањето на Израел да ги нормализира односите со арапските земји и да ги подигне своите населби на окупираниот Западен брег.

Во соопштението се додава дека мирот не може да биде постигнат се додека не заврши „израелската окупација и економската доминација”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот