„Пливање на суво“: Ниту карантинот не е пречка за светската шампионка! (ВИДЕО)

фото: твитер

Снимката стана вистински светски хит, а таа покажа ниту пандемијата не може да го скрши спортскиот дух на Русинката Ефимова.

Руската пливачка на социјалните мрежу објави како се подготвува за следните натпреварувања иако е во карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Јулија Eфимова која од Олимпијадите има два сребрени медали на 100 и 200 метри градно во 2016, и еден бронзен во 2012 година, бидејќи во овој период поради коронавирусот нема пристап до базените, одлучи да „плива на суво“.

Снимката стана вистински светски хит, а таа покажа ниту пандемијата не може да го скрши нејзиниот спортски дух.

Воедно е шесткратна светски шампионка, триумфираше во дисциплината 50 метри градно (2009 и 2013 година), 100 метри градно (2015) и 200 метри градно (2013, 2017, 2019 година). Исто така е поранешен светски рекордер на 50 метри градно.

Помеѓу октомври 2013 и март 2015 беше суспендирана поради допинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот