Платила 150 евра за ноќ во јавен тоалет и поминала одлично
Адаптацијата на старите простори во микро-станови станува сè попопуларен тренд. Британската инфлуенсерка Моли Томпсон од Јоркшир предизвика внимание на јавноста кога одлучи да плати 130 фунти (околу 150 евра) за ноќ во поранешен јавен тоалет претворен во мини-стан во Оксфорд. Како што вели, одлуката ја донела од чиста љубопитност откако нашла оглас за ова необичено смештување на интернет.
Препорачано
„Морав да видам како изгледа одвнатре“. „Поубаво отколку што очекував“- призна таа со смеа.
Моли истакна дека ентериерот пријатно ја изненадил; просторот, како што вели, е неочекувано елегантен и топол, иако бучавата од улицата донекаде го расипала впечатокот.
„Беше многу поубаво отколку што очекував“, рече инфлуенсерката, која го сподели своето искуство со своите следбеници на социјалните мрежи.
Нејзините обожаватели веднаш ја нарекоа „Кралица на необичните патувања“, а многумина прашаа каде можат да резервираат слично „авантуристичк“ сместување.
Претворањето на старите јавни тоалети во дизајнерски микро-апартмани станува сè попопуларен тренд во Британија. По капсулните хотели и контејнерските апартмани, минималистичкиот живот во поранешните јавни простори стана нов екстрем, привлекувајќи сè повеќе љубопитни туристи подготвени да платат висока цена за необично искуство, пишува Blic- пренесува Ало.рс.


