Планина од ѓубре го блокира влезот во кочанската депонија, отпадот се истура покрај патот кон Пониква

Фото: МИА

Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го фрлат ѓубрето кое се собира од градот.

Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на патот кон Пониква, каде се шири силна смрдеа, а течноста од распаднатиот отпад се излева по коловозот.

На влезот во кочанската градска депонија веќе се натрупани десетици тони отпад за чие отстранување ќе биде потребен подолг период. Состојбата уште повеќе се влошува затоа што овде се носи и ѓубрето од соседните општини, во рамки на проектот за отстранување на дивите депонии и нивно регионално решавање.

Од комуналното претпријатие „Водовод“ истакнаа дека ќе направат контрола на терен за причините поради кои отпадот се исфрла на влезот од депонијата, по што ќе се преземат мерки за расчистување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот