Пивоваров: Политички циркуз е блага форма на она што се случуваше со лустрацијата

Лустрацијата е сензитивна тема за секое општество вклучително и нашето. Деновиве слушнавме многу од експерти, универзитетски професори, но сметам дека онаа на професор Најчевска и квалификацијата – Политички циркуз и би била најсоодветна и блага форма на она што се случуваше во изминативе 10 години додека траеше процесот на лустрација, рече националниот координатор на граничното интегрирано управување и од 2002 до 2005 година шеф на военото разузнавање и контраразузнавање Владимир Пивоваров.

„Жалам што тогаш имав можност да рзговоарам на повеќе дистанци. Во ТВ студио разговаравме и со Аџиев на самиот почеток на законската форма и тогаш укажувавме на проблемот.“

„За жал лустрацијата од денешен аспект, што и како се случуваше, слободно може да заклучиме дека беше еден политикантски процес“, изјави тој во „Утрински брифинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот