Писонеро: Очекуваме преговарачката рамка за С. Македонија да ја презентираме во јуни

Писонеро повтори дека Европската Комисија работи на подготовката на оваа преговарачка рамка уште од зеленото светло на земјите членки на ЕУ за старт на преговорите за членство, дадено во март.

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширување, Ана Писонеро, за МИА вели дека очекувањата во Брисел се дека преговарачката рамка за Северна Македонија ќе може да биде презентирана во јуни.

Писонеро повтори дека Европската Комисија работи на подготовката на оваа преговарачка рамка уште од зеленото светло на земјите членки на ЕУ за старт на преговорите за членство, дадено во март.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, преговарачката рамка ги содржи начелата врз кои треба да се одвиваат преговорите помеѓу двете страни и откако ќе биде готова, таа треба да добие зелено светло од сите земји членки на Унијата.

Оптимистичкото сценарио, доколку Европската Комисија ја презентира оваа рамка во јуни, е некаде на есен таа да биде одобрена од страна на земјите членки, доколку тие ги усогласат своите позиции, по што би можело да се одржи првата Меѓувладина конференција, односно отворањето на првото поглавје за Северна Македонија до крајот на оваа година.

Од 1 јули годинава стартува германското претседателство со ЕУ, кое се очекува да го задржи фокусот врз Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ.

Останува да се види како ќе постапат земјите членки во однос на „одвојувањето” од Албанија. Европската комисија се очекува да ги презентира преговарачките рамки за двете земји истовремено, но државите членки на ЕУ уште во март поставија серија дополнителни услови за Тирана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот