Писмо од Аргентинец: Со вас сме, истото ни се случи и нас – парите изгледаат поважни од сè, овие трагедии се со преќутна согласност на државата
Во овие тешки моменти, денови на тага, поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ каде што животот досега, според официјалните информации го загубија 59 лица а над 150 се повредени до редакцијата на „Слободен печат“ стигнуваат пораки на сочувство, жалење и поддршка од сите страни на светот. Пораката која ја добивме утрово, а одлучивме да ја споделиме со вас, читателите, доаѓа од Латинска Америка, од Аргентинец, кој за жал, знае и осетил на своја кожа како е да се изгубат сограѓани во пожар.
Препорачано

„Пишуваме од Аргентина, Бразил, Парагвај и Еквадор, Јужна Америка, откако дознавме за она што се случи во дискотеката „Pulse“ во Кочани. Бидејќи го разбираме ужасот низ кој поминувате, сакаме да ви испратиме порака од далечина. Уште еден масакр. Уште еднаш, млади луѓе ги загубија животите во пожар во дискотека, жртви на негрижа и неодговорност. Она што се случи во Северна Македонија длабоко нè погоди, бидејќи знаеме колку е неподнослива болката за семејствата и преживеаните. Ова не се несреќи – туку предвидливи злосторства.Ова не е првпат светот да го види овој ужас. Во 2004 година, пожарот во „Ycuá Bolaños“ во Парагвај однесе 400 животи, а потоа пожарот во клубот „Cromañón“ во Аргентина згасна 194 животи. Во 2008 година, пожар во Еквадор уби 19 лица. Во 2013 година, пожарот во дискотеката Kiss однесе 242 животи. Логиката на профитот и ужасот се појавуваат на различни места, но секогаш со истата трагична слика.Сега, повторно, семејства ги погребуваат своите деца поради грешки што одамна требаше да бидат исправени. Уште еден најавен масакр, доказ дека животите на луѓето што ги посетуваат и поддржуваат овие места се ставаат во втор план. Парите изгледаат поважни од сè, а најчесто овие трагедии се случуваат со преќутна согласност на државата. Време е за меѓународна кампања за забрана на пиротехниката во дискотеки, концертни сали, спортски сали итн. И време е да бараме спроведување на постојните закони за да се спречат овие трагедија која може да се избегне! Затоа продолжуваме да ја споделуваме нашата приказна. Да молчиме би значело да ги осудиме идните генерации на истата судбина. Остануваме потресени, но истовремено ја потврдуваме потребата за правда и превенција, за никој друг во светот да не мора да го преживее ова. Ги прегрнуваме жртвите и целиот народ на Кочани. Знајте дека, иако сме илјадници километри далеку, во вашата болка сме со вас“, се вели во пораката која Аргентинец ја испрати до нашата редакција.


