Пијано-рецитал: Композицијата „Карусел“ од Ана Пандевска ќе има светска премиера во Германија

Новата композиција со наслов „Карусел“ на македонската композиторка Ана Пандевска ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд, Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер. На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло-рецитал на Фестивалот насловен „Бизарни светови“, а на рециталот во тесниот избор дела се најде и Пандевска со нејзината композиција за пијано и лента, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот фестивал.

На програмата на рециталот се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски. Пијанистката Хајди Елзесер, која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 50, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот