фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Пијан неготинец украл возило и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат

Вчера во 23.15 часот на автопатот А1, на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Д.(26) од Неготино. Имено, тој украл патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(38) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано во двор на чичко на пријавителот во Неготино, и потоа со возилото на автопатот, во правец кон Велес, скршил рампа на наплатна станица „Виничани“, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица „Виничани“, но во правец кон Неготино.

Како што информираат од МВР, преземени биле мерки од страна на полициски службеници, по што М.Д. бил принуден да го запре возилото.

„Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и со 1.54 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сторените прекршоци и кривични дела по член 297 А и 383 став 1 од КЗ“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот