Пијан Австралиец сакал да заштеди, па се возел 400 километри држејќи се под камион

Фото Илустрација

За да заштеди пари за такси и да помине неколку десетици километри бесплатно, пијан Австралиец се возел држејќи се за делови под камион и така поминал неколку стотици километри. Кога се фатил за долниот дел на камионот, 43-годишникот имал намера да се симне кога камионот ќе застанел на семафор.

Но, возачот фатил „зелен бран“, кој му овозможил да продолжи да вози неколку стотици километри. На крајот, човекот морал да се држи околу 400 километри, висејќи само околу половина метар над патот. Тој се надевал на бесплатно 30-минутно возење до градот Кофс Харбор во Нов Јужен Велс.

Сепак, тој завршил далеку во Квинсленд, објави новинската агенција ААП. Само по четири часа камионот запрел и во тој момент возачот се изненадил кога го видел човекот кој се појавил под камионот.

Патникот морал да плати казна од 288 австралиски долари. Полицијата потоа го однела на железничката станица на долгото патување кон југот на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот