Петтото јубилејно издание на SKOPJE CALLING 2020 ќе се случува на отворено во сабота

Инстаграм

– За петтото јубилејно издание на Фестивалот SKOPJE CALLING Festival кое ќе се одржи оваа сабота, на 12-ти септември на стадионот на АРМ, на отворено, се решивме нашето, а и вашето внимание да го насочиме кон пионерите и кон младите сили на домашната музичка сцена, велат од Авалон.

Создадена е оргинална и избалансирана комбинација на креативност, свежина и традиција, со други зборови, на SKOPJE CALLING 2020, MACEDONIA’S FINEST EDITION, оваа година ќе настапат: Foltin, Last Expediton, Funk Shui и Pluto’s Doubts.

На бината Pluto’s Doubts ќе ја пренесат новата, шармантна скопска авангарда, Funk Shui ќе ја доловат нивната експлозивна енергија на сцена, Last Expedition ќе покажат на што работеле за време на долгогодишната музичка пауза и ќе потсетат што значи да се биде ,,добрата стара школа”, а FOLTIN, со Late Night Cabaret Performance. ќе покажат, барем на час и половина, како е да се живее младешки без обзир, раскошно, блудно и некомерцијално.

Влезниците се пуштени во продажба по цена од 600 денари и истите можат да се набават на avalon.mk, како и во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ.

Настанот ќе биде реализиран според сите протоколи за заштита од ковид 19, а носењето заштитни маски ќе биде задолжително за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот