Петровска: Во Турција ќе испратиме тим за заштита и спасување и кучиња трагачи

Славјанка Петровска фото МИА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва објави дека Министерството за одбрана и Армијата испраќаат итна помош за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција.

„На предлог на Министерството за одбрана, Владата на вонредната седница донесе одлука да бидат испратени тим за заштита и спасување од Армијата, кучиња трагачи и хуманитарна помош во пријателска Турција. 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две лица водачи и кучиња обучени за трагање наскоро заминуваат во сојузничка Турција, за да помогнат да се спасат човечки животи, под урнатините настанати од катастрофалниот земјотрес“, напиша Петровска на Фејсбук по вонредната владина седница.

Застануваме солидарно, посочува таа, да им помогнеме на преживеаните да ги пребродат овие тешки времиња.

-На пријател во неволја, секогаш ќе му помогнеме, напиша Петровска.

Владата денеска одлучи да испрати помош од 100.000 евра, медицински лица и опрема за Турција.

Владата одлучи: Праќаме помош од 100.000 евра, медицински лица и опрема за Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот