Петров: Ситуацијата во земјава не е погодна за избори, Владата има солидна поддршка

Андреј Петров / Фото: Скриншот, Фејсбук

Не би сакал да зборувам кога ќе се случат следните избори, но мислам дека овој период сега не е погоден за избори. Бројни се проблемите во државата, а изборите не ги решаваат нив. Владата ќе ја поддржат од сите партии во коалицијата, 64 пратеници, што е солдина поддршка, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во утринската програма на телевизија Телма.

Според него, досега сме имале Влади кои функционирале и со минимално мнозинство и додаде дека предлогот за гласање за новата Влада ќе биде доставен до Собранието наредната недела.

– Не можам да зборувам за кадровските решенија, но она што знам е дека се прави напор да се вклучат квалитетни луѓе од СДСМ и да се покаже капацитет пред граѓаните, објасни тој.

Како што кажа Петров, Ковачевски разговара со сите членови на партијата и работи да ги интегрира сите, без разлика на различните ставови по одредени прашања.

– Од негова страна има волја и енергија, но тоа не е еднонасочна улица, треба да се смета и на мислењето и на тие од другата страна. Сепак, кај него гледам желба да ги вклучи сите, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот