Петорка на колото: Вториот круг во знакот на Мајрон Гордон од КК Кожув

Мајрон Гордон („Кожув“) имаше одлична партија против КК Струмица фото: facebook.com/Kozuv

Второто првенствено коло во македонската кошаркарска Прва лига донесе доста добри индивидуални остварувања. А дефинитивно најдоброто дојде од Мајрон Гордон од редовите на кошаркарскиот клуб Кожув.

Американскиот бек на екипата од Гевгелија имаше неверојатен настап на средбата со Струмица која неговиот тим ја доби со минимален резултат.

Реализираше, засега, рекордни, 48.поени, и тоа со доста висок процент на реализација. Погоди три тројки од шест обиди, имаше и 12/17 во обидите за два поени, и 15/71 од линијата за слободни фрлања.

За 37.минути во игра додаде и четири скока и три асистенции, сето тоа за 47 индексни поени.

ПРВА ПЕТОРКА

Мајрон Гордон (Кожув) 47 индексни поени

Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 35

Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 31

Синиша Стаменковиќ (Струмица 2022) 28

Бојан Трајковски (Феникс 2010) 25

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот