Петков предложи разрешување на министерот за одбрана Јанев

Стефан Јанев, Министер за одбрана на Бугарија/ Фото Архива на СП

Бугарскиот премиер Кирил Петков утрово изјави дека ќе предложи разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев, откако Јанев не сакаше да ја опише руската инвазија на Украина како војна, што поттикна повици за негова смена, пренесува Ројтерс.

Петков рече дека центристичката коалициска влада ќе има состанок подоцна во понеделник за да одлучи за разрешувањето на Јанев, кога тој ќе предложи и нов министер за одбрана.

Денеска свикувам вонреден Министерски совет со три точки. Успешното евакуирање на 140 Бугари од Киев. Ќе разговараме за нуклеарната закана што Путин ја упати вчера и за оставката на министерот Стефан Јанев, изјави Петков, пренесува БГНЕС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот