Пет руски олигарси, пет сомнителни смртни случаи и пет неодговорени прашања

принтскрин Јутјуб

Од почетокот на војната во Украина, во нивните величествени вили се пронајдени безживотните тела на петмина руски олигарси, главно поврзани со нафтениот гигант Газпром.

Сите овие случаи се прогласени за самоубиство, додека некои олигарси се обвинети за убиство на членовите на своето семејството. Кремљ засега во јавноста не произнесе за мистериозна смрт на руските милијардери, но се погласни се индициите дека наскоро ќе бидат покренати независни истраги.

Александар Тјулаков Принтскрин / Јутјуб

Веднаш по почетокот на војната во Украина, телото на еден од челниците на Гаспром, Александар Тјулаков, беше пронајдено во гаражата на неговата викендица.

Полицијата брзо го затвори овој случај, наведувајќи дека се работи за очигледно самоубиство.
Во неверојатен сплет на околности, само неколку недели по мистериозната смрт на Тјулаков британската полиција го откри безживотното тело на Мајкл Ватфорд во неговата раскошна вила во Англија.

Мајкл Ватфорд Принтскрин / Јутјуб

Лондонската полиција ја истражува неговата смрт, иако руското разузнавање инсистира случајот да се затвори, бидејќи според нив, станува збор за очигледно самоубиство.

По Вотфорд, во градот Нижни Новгород е откриено и безживотното тело на рускиот бизнисмен Василиј Мелников, како и телата на членовите на неговото семејство.

Мелников беше сопственик на МедСтом (MedStom), компанија за медицинска опрема. Иако полицијата утврдила дека Мелников прво ги убил сопругата и двете деца, а потоа се самоубил, Рускиот истражен комитет изразил сомнеж дека Мелников и неговото семејство се избодени до смрт.

Полицијата донела заклучоци врз основа на положбата на безживотното тело, но и фактот дека во нивниот дом немало траги на насилно влегување.

Инспекторите разгледуваат неколку верзии за тоа што се случило, вклучувајќи го и убиството на децата и сопругата од страна на Мелников , по што следувало самоубиство“, се вели во полицискиот извештај.

Мистерија, убиство, интрига

Безживотното тело на поранешниот потпретседател на Гаспромбанк Владислав Аваев, како и неговата сопруга и ќерка, неодамна беше пронајдено во Москва.

Владислав Аваев Принтскрин / Јутјуб

Неколку независни руски медиуми велат дека полицијата го истражува случајот како двојно убиство и самоубиство.

Јулија Иванова, претставник на Истражниот комитет за Москва, вели дека роднината ги открила телата на семејството Ававев откако семејниот возач и дадилката им кажале дека не можат телефонски да контактираат со нив или да влезат во станот бидејќи вратата е заклучена одвнатре. .

Игор Волобујев, поранешен потпретседател на Гаспромбанк, кој неодамна ја напушти Русија во Украина, рече дека не верува дека Аваев се самоубил.

– Неговата работа беше да се занимава со приватно банкарство, односно да се занимава со ВИП клиенти. Тој беше задолжен за многу големи суми на пари. Па, дали се самоуби? Мислам дека не. Мислам дека знаеше нешто и тоа претставуваше некој вид на ризик, рече Волобујев.

Под мистериозни околности, починале и Сергеј Протошења, поранешен извршен директор на компанијата за производство на гас Новатек, која е делумно во сопственост на Гаспром, како и неговата сопруга и ќерка.
Нивните безживотни тела биле пронајдени во нивната вила во Лорет дел Мар.

Сергеј Протошења со семејството / Принтскрин, Јутјуб

Неодговорени прашања

Според полицискиот извештај, на телата на сопругата и ќерката биле пронајдени траги на насилство, поради што случајот се истражува како двојно убиство и самоубиство.

Сепак, синот на Сергеј Протошење – Федор, кој живее во Франција, ја доведе во прашање оваа верзија на настаните. Како што истакнува, неговиот татко не бил насилник, ниту склон кон самоубиство.

„Тој ја сакаше мајка ми, а особено сестра ми Марија. Таа беше неговата принцеза. Тој никогаш не направи ништо за да им наштети. „Не знам што се случи таа вечер, но знам дека татко ми не ги повредил“, рече тој.

Каталонската полиција ги прифати изјавите на Федор Протошење, кој се сомнева дека се убиени сите членови на неговото семејство. Се чини дека овие наводи нема да бидат испитани од полициски службеници, бидејќи засега нема докази дека семејството Протошења е убиено.

„За жал, имаше шпекулации на оваа тема во медиумите, но ние сме убедени дека овие шпекулации не се поврзани со реалноста. Се надеваме дека службите за спроведување на законот на Шпанија ќе спроведат темелна и објективна истрага и ќе разјаснат што се случило“, велат од компанијата. .Новатек, на чие чело некогаш се наоѓаше починатиот олигарх Сергеј Протосења.

Она што ги поврзува сите овие случаи се нафтените зделки, кои претходно беа спроведени во соработка со претставници на Кремљ.

ЕПА

Иако, очигледно, сите ќе бидат затворени без поопсежна истрага, необичниот молк во Москва отвора бројни сомнежи за серија самоубиства. Остануваат прашањата зошто овие олигарси ги загубија животите, што се случи со членовите на нивните семејства, кој стои зад мистериозната смрт и дали полицијата некогаш ќе ги реши овие случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот