Фото: Pexels / SHVETS production

Пет хороскопски знаци кои се најлоши сопрузи: Со нив бракот станува тежок

Астролошки толкувања можат да ни кажат многу за иднината, но и за карактеристиките и тенденциите на луѓето преку датумите на раѓање, односно преку хороскопските знаци на кои припаѓаат. Така, меѓу знаците се издвоија четири хороскопски знаци, меѓу мажите кои се најлошиот избор парнери во брак.

Стрелец

Стрелецот сака да биде независен и слободен, па затоа му е многу тешко да се смири покрај една личност. Затоа е многу тешко да ги разберете кога се во прашање емотивните врски. Поради сосема спротивни ставови за приврзаноста и посветеноста, Стрелецот најтешко се согласува со Ракот, кој со својата семејна ориентација е сосема спротивно од независниот Стрелец.

Вага

Иако се многу романтични, внимателни и ќе направат се за нивниот партнер да се чувствува прекрасно, Вагите како сопрузи можат да бидат и многу себични и имаат тенденција да бараат многу, а да даваат многу малку. Иако имаат романтичен карактер, им треба многу личен простор, па често емотивната поврзаност и обврските што ги носи семејниот живот може да ги „задуши“. Тогаш воопшто не се добро друштво.

Девица

Девиците обично се толку вредни и ориентирани кон бизнисот што нивното семејство е на прво место дури откако ќе го постигнат посакуваниот статус во кариерата. Не прават компромиси и се согласуваат само со партнер кој ги исполнува нивните очекувања, а доколку тоа се промени, си заминуваат без да се грижат за совети и лесно продолжуваат понатаму.

Лав

Лавот е многу социјална личност на која и треба многу внимание, забава и мотивација. За еден Лав да се заинтересира за вас, треба да бидете интересни и забавни како нив и да бидете подготвени постојано да внесувате нешто ново во вашето секојдневие. Во спротивно, Лавот ќе се обиде што поскоро да избега од рутината во која навлегол.

Водолија

Визијата што ја имаат Водолиите за љубовта и бракот не може да се вклопи во ниеден шаблон. Тие се уникатни луѓе со уникатен начин на размислување за сè, вклучително и за љубовта. Најчесто се презафатени со некои креативни дела што имаат многу малку време за емотивни врски и не се плашат од осаменост. Уште повеќе, Водолиите уживаат да бидат сами и затоа е тешко да ги задржите во брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот