Песков: Русија не планира построги мерки против Ковид-19

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Русија засега не планира да воведе посериозни ограничувања во борбата против ширењето на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Колку што знам, за ова во моментов не се разговара, рече тој, одговарајќи на прашањето дали на Русија ќе и требаат построги мерки за сузбивање на ширењето на епидемијата.

Според него, има одредено зголемување на бројот на заразени лица.

– Во исто време, мерките преземени за мобилизирање на здравствениот систем во Москва и во регионите ни помагаат да одржуваме поконтролиран режим за време на пандемијата, рече Песков. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот