Фото: Принтскрин/ Икс/ thealbedojourney

Пешачеле 12 дена низ вжештен песок и песочни бури: Поминале 160 километри и откриле неверојатни работи

Професорот Доминик Стратфорд и д-р Џорџ Лидер за време на неверојатна експедиција пронашле дури 40 нови археолошки локалитети.

Во пустината Намиб расфрлана е вистинска ризница на камени алатки од античкото минато. Малку се знае за ова богатство бидејќи е тешко достапно, а вжештениот песок на западна Намибија ја прави целата област речиси непроодна. Сепак, двајца истражувачи – професорот Доминик Стратфорд и д-р Џорџ Лидер – решиле да ги испитаат археолошките остатоци во него, па 12 дена пешачеле низ едно од најопасните места во светот и поминале 160 километри. За време на оваа експедиција тие откриле неверојатни работи за нашето потекло.

Експертите поврзани со Универзитетот во Витвотерсранд и Колеџот во Њу Џерси смислиле план за следење на текот на древната река Кондаб, која некогаш течела од централниот дел кон морето, низ областа што сега е националниот парк Намиб-Науклуфт, објави Универзитетот во Витватерсранд во Јоханесбург.

Нивната цел била да најдат докази за човечки и хоминински живот во овие области.

Намибија сè уште е прилично непозната територија за археолозите и палеоантрополозите бидејќи малку е испитувана. Сè уште не се откриени рани фосили на хоминин, но Стратфорд верува дека тие се таму само чекаат да бидат пронајдени.

Во 1980-тите, антропологот Мира Шаикли патувал низ јужна Намибија и открила рачни секири што му се припишуваат на раниот и средниот каменен век. Нејзините откритија ги мотивираа Лидер и Стратфорд да тргнат на ова патување во јуни.

– Решивме дека најдобриот начин навистина да го разбереме распоредот на локацијата е да поминеме низ пустината – рече Стратфорд.

Додека патувале низ пустината, температурите достигнале 38 степени, а потоа се спуштиле на 5 степени ноќе. За 12 дена двапати се соочиле со песочна бура, а додека се приближувале до брегот ги пресретнала густа магла и леден дожд. Нивната позиција била следена со сателит, а хеликоптерот секогаш бил подготвен за итен случај.

Шетајќи покрај реката земале примероци од талог, а нашле и добро сочувани камени алатки.

– Артефакти имаше насекаде, некои од нив беа сосема неверојатни – изјави Стратфорд.

Некои од тие алатки, според нив, биле стари 1,4 милиони години, што значи многу пред анатомски модерните луѓе. Најмладите камени алатки биле направени пред помеѓу 200.000 и 30.000 години.

Порано оваа област не била непроодна пустина како што е денес. Откриените фосили на тој простор покажуваат дека таму живееле слонови и антилопи.

За време на експедицијата, тие открија повеќе од 40 нови археолошки локалитети по речиси целата траса. Со овие откритија, се појавија нови прашања за тоа како некогаш изгледала реката и каков бил пејзажот пред многу илјади години.

Едно од прашањата е зошто луѓето и хоминините дошле во такви предизвикувачки области кога местата со многу вода и богата флора и фауна биле релативно блиску, на околу 200 километри.

Стратфорд и Лидер планираат да се вратат овде и да започнат со ископување на локациите што ги откриле.

– Многу е лесно да се дојде до археолошки локалитет и да не се разбере навистина што е потребно за да се стигне до таму. Но, кога планинарите и сте опкружени со песочни дини, спиете овде, ве мачат песочни бури, тогаш почнувате да поставувате различни прашања за изборот на нашите предци – изјави Стратфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот