Перо Антиќ во посета на кошаркарската федерација на Грција

Перо Антиќ се сретна со првиот човек на грчката кошарка, Евангелос Љољос/фото: kfsm.mk

Изминатите неколку дена Претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ ги помина во работна посета на Кошаркарската Федерација на Грција.

Тој се сретна со Претседателот на Кошаркарската Федерација на Грција, Евангелос Љољос, кој пак беше во посета на Македонија летото што измина за време на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одигра во Скопје.

На работниот состанок присуствуваше и Димос Дикудис, искусниот репрезентативен крилен центар кој ја заврши кариерата како играч и од минатата година е дел од менаџерскиот тим на сениорската машка репрезентација на Грција.

Антиќ зема учество и во хуманитарен „натпревар“ во организација на Здружението за заштита и поддршка на жени, WIN Hellas кои неретко организираат настани од полето на спречување и борба против насилството врз жените и промовирање на родовата еднаквост.

Преку мрежата на своите научни соработници (психолози, консултанти за ментално здравје, адвокати итн.), WIN HELLAS нуди психо-социјална поддршка на жените кои трпат каква било форма на злоупотреба, во нивната семејна, социјална и професионална средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот