Пензионери/ Фото: МИА

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат пред Уставниот суд

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.

-Во понеделник во 11 часот пред Уставен Суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија, изјави пензионерот Зоран Трајков.

Трајче Станојков пензионер од Свети Николе најави ако во понеделник протестот не вроди со плод, веќе на 10 декември продолжуваат со протести, бидејќи не се откажуваат од нивните барања.

Тој додаде дека освен линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка. Пензионерот од Штип, Трајче Митев вели дека имаат и конкретни барања.

-Ќе се бориме за покачување на посмртннина од 35.000 на 50.000 денари. Ќе создадеме фронт да се воведе пензионерската картичка, вели Митев.

Во Штип денеска се собраа пензионерите од Штип, Свети Николе, Скопје, Куманово.

-Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да и кажеме дека е доста дискриминација. Ние бараме да земеме линеарно покажување на пензиите, вели пензиионерката Вера Јовановска.

Пензионерите најпрво добија пет илјади денари линеаро покачување на пензиите, во септември на картичка добија уште илјада денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот