Пентагон ја отпушти командантката на базата на Гренланд поради критики на посетата на Џеј Ди Венс
Командантката на американската база во Питуфик на Гренланд е разрешена поради нејзините критики за политиката на администрацијата на Трамп кон арктичкиот остров, објавија американските воени власти.
Препорачано
Полковничката Сузана Маерс се огради од критиките што ги упати Џеј Ди Венс за Данска за време на неговата посета на базата на 28 март.
Colonel Susan Meyers, the Commanding Officer of the 821st Space Base Group, which overseeing Pituffik Space Base in Greenland, has been removed from command for “loss of confidence in her ability to lead” spurred by a base-wide email she sent on March 31st, days after a visit to… pic.twitter.com/reWTc4JQeS
— OSINTdefender (@sentdefender) April 11, 2025
„Командантите мора да ги почитуваат најстрогите правила на однесување, особено во однос на непристрасноста во извршувањето на нивните должности“, се вели во соопштението на штабот на американските вселенски сили.
Шон Парнел, портпарол на Пентагон, напиша на Икс дека „акциите насочени кон нарушување на синџирот на команда и напаѓање на програмата на претседателот Трамп нема да бидат толерирани во Министерството за одбрана“.
Поточно, за време на посетата на американската делегација на Гренланд, Венс ја нападна Данска над Гренланд, обвинувајќи го Копенхаген за „занемарување на безбедноста“ на автономната арктичка територија.
View this post on Instagram
Неговата посета се случи во услови на тензија предизвикана од наведената желба на Трамп да го „анектира“ Гренланд, од каде доби одговор дека не е на продажба.
Командантката Сузана Маерс потоа испрати е-пошта до целиот персонал, воен и цивилен, на американската база во Гренланд, пишувајќи: „Не тврдам дека ја разбирам денешната политика, но она што го знам е дека загриженоста на американската влада за која разговараше потпретседателот Венс не се совпаѓаат со загриженоста на воздухопловната база Питуфик“.


