Пендаровски со Ѓукановиќ во Бар: Владимир и Косана – симбол на македонско-црногорското пријателство

Пендаровски и Ѓукановиќ во Бар/Фото: ПРСМ

На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Северна Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство.

Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен-обележје претставува симбол на блискост и на културно-историската врска помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, а се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република Северна Македонија.

Плочата е поставена во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“.

Спомен-плочата ја изработи македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде што најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој е канонизиран како Свети Владимир и се смета за заштитник на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот