Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на земјотресот што однесе над 1.000 животи

Секој #26јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над 1000 наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови, напиша Пенударовски.

Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот Фејсбук профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

-Секој #26јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над 1000 наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови, напиша Пенударовски.

Се сеќаваме, додава претседателот, и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет.

-Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на #КОВИД19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша на ФБ претседателот Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот