Пендаровски предложи, претседателските кандидати прифатија мастер дебата

Кандидати за претседател Фото: Слободен печат

Штабовите на претседателските кандидати се согласиле да се одржи мастер дебата, по предлогот на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Како што соопштија од изборниот штаб на Пендаровски на денешниот брифинг, дел од кандидатите имале услов на дебатата да не присуствуваат Стевчо Јакимовски кој се најде на „црната листа“ на САД и Билјана Ванковска, поради нејзините ставови за ЕУ и НАТО.

Мастер дебатата е предвидено да биде како форма на претставување и соочување со кандидатите со кои би се избегнале или би се намалиле обвинувањата и би се отворила можност сите седуммина да се соочат со своите програми за претстојната изборна трка.

Пендаровски ги покани противкандидатите на две мастер дебати

За изземање на дел од кандидатите од штабот на Пендаровски велат дека тоа не е можно, бидејќи Државната изборна комисија потврди дека има седум кандидати. Исто така, наместо две дебати ќе се одржи само една со предлог таа да биде на 10 април.

– Државната изборна комисија потврди дека има седум кандидати за претседател на државата и за нас не постојат спорни кандидати. Го почитуваме гласачкото тело на сите кандидати и кога некој претендира да стане претседател на државата треба да го има предвид фактот дека тој е претседател на сите граѓани. Нашата идеја е дебатата да се одржи со сите седум кандидати и добро е што имаме позитивен одговор од сите штабови. Не можеме да кажеме финално дека ќе има дебата бидејќи во следниот период штабовите ќе треба да ги договорат техничките аспекти. Организацијата и трошоците за мастер дебатата ќе бидат заеднички, појаснија од штабот на Пендаровски.

На брифингот, меѓу другото беше најавено и дека конвенцијата со која ќе биде одбележан почетокот на изборната кампања за Пендаровски и на која тој ќе ја претстави својата програма, наместо на 3 април, поради технички причини, ќе се одржи на 2 април во салата „Борис Трајковски“.

Кампањата на Пендаровски официјално ќе почне на 4 април во Скопје со отворање на изборниот штаб во центарот на градот. Како што соопштија од изборниот штаб, планирано е тој во текот на кампањата да посети околу 60 населени места.

Пендаровски вечерва ќе организира ифтарска вечер, а поканти се претставници на ИВЗ и неговите противкандидати за претседател. Ваква вечер ќе има и за Велигден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот