Пендаровски оствари видео-конференциска врска со армиските мировници кои вршат мисии надвор од државата

Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, припадниците на македонските контингенти кои се дел од меѓународните мировни операции „Одлучна поддршка” во Авганистан, УНИФИЛ во Либан и АЛТЕА во Босна и Херцеговина, го информираа Пендаровски за моменталната состојба и ги презентираа нивните активности во рамки на мисиите, изразувајќи подготвеност и во иднина да продолжат, стручно, одговорно и посветено да ги извршуваат своите должности.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, во пресрет на новогодишните празници, денеска оствари видео-конференциска врска со припадниците на Армијата, кои учествуваат во мисии надвор од нашата држава.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, припадниците на македонските контингенти кои се дел од меѓународните мировни операции „Одлучна поддршка” во Авганистан, УНИФИЛ во Либан и АЛТЕА во Босна и Херцеговина, го информираа Пендаровски за моменталната состојба и ги презентираа нивните активности во рамки на мисиите, изразувајќи подготвеност и во иднина да продолжат, стручно, одговорно и посветено да ги извршуваат своите должности.

Претседателот Пендаровски, како што се наведува, го нагласи исклучително важниот придонес на припадниците на Армијата во меѓународните мисии, како потврда за нашата активна вклученост во колективниот систем за безбедност. Претседателот истакна дека со професионалното и мотивирано извршување на нивните задачи, учесниците во меѓународните мировни операции во континуитет се докажуваат како рамноправен партнер на НАТО сојузниците, придонесувајќи нашата земја да стане 30-та рамноправна членка на НАТО Алијансата. Според претседателот Пендаровски, малку области во нашата земја можат да кажат дека се на европско или светско ниво, како што е случајот со нашата Армија.

– Ако ги гледаме сите реформи што се направени, од 90-та до денес, во вашиот дел, во делот на Армијата, а надворешните мисии се круцијален дел од тоа, имаме далеку најдобри реформи. Ниту една друга област во државата не може да се мери со реформите што се направени во вашата област и неспорно е дека припадниците на Армијата поставија највисоки можни критериуми – порача претседателот Пендаровски.

Шефот на државата им ги честиташе претстојните празници на припадниците на Армијата, посакувајќи им здравје, мир, благосостојба, успешна и мирна мисија и безбедно враќање дома, кај своите најблиски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот