Пендаровски го доби Клучот на Тирана, Велиај со посебни зборови за македонскиот претседател (ФОТО)

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај му го подари „Клучот“ на главниот албански град на македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

Оваа вест самиот Велиај ја објави на социјалната мрежа Фејсбук при што објави и фотографии од доделувањето на клучот. Тој на неговиот статус напиша дека е среќен што го пречекал Пендаровски.

– Многу сум среќен што го пречекав во општината, во нашиот заеднички дом нашиот пријател, Стево Пендаровски, новиот претседател на Северна Македонија. Имав можност да му го дадам „Градскиот Клуч“ на Тирана како доказ на една отворена врата и на пријателство кое ќе продолжи исто колку и животот – напиша градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот